Мустафа ја условува Србија за укинување на реципроцитетот

Фото: МИА

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа најави укинување на мерките на реципроцитет кон Србија, доколку оваа партија биде избрана на чело  на новата вчада во Приштина.

Мустафа посочи дека укинатите мерки би можеле повторно да бидат вратени доколку Белград не ги стопира сите блокади и не ја запре кампањата и лобирањето меѓу државите во светот,  за отповикување на признавањето на косовската независност.

Мустафа потсети дека ова ветување му било дадено лично и на американскиот посредник во преговорите Ричард Гренел, кој бил информиран дека Косово може да ги укине таксите на одредено време, но дека мора и Србија, како гест на добра воља, да ја прекине кампањата за отповикување на призавањето на Косово.

Мустафа за приштинските медиуми изјави дека постои широка подршка за евентуална коалиција  на неговиот  Демократски сојуз со Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, и партијата на Беџет Пацоли и партијата на Фатмир Љимај.

На последните избори, Демократскиот сојуз на Иса Мустафа беше втора по освоени број на гласови зад „Самоопределување“ на Албин Курти. Тесната разлика во гласови, ја направи клучна, политичката позиција на Мустафа, без чија подршка Курти неможеше да ја формира нова влада на Косово. Откако ја напушти  коалицијата, падна владата на Албин Курти, а Мусафа сега се обидува да формира нова владина коалиција, и така да добие подршка за  мандатар на новата влада во Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот