Мурињо се заканува: Во февруари ќе бидеме опасни

фото:твитер

Жозе Мурињо одлучи да настапи со комбиниран состав па баварците без големи проблеми дојдоа до триумфот. Сепак, по доаѓањето на клупата на Тотенхем на местото на Маурицио Покетино, фудбалерите играат далеку подобро и на досегашните шест натпревари екипата има четири победи и два порази со гол разлика 17:11.

Иако сè уште ги нема спроведено сите замисли во Тотенхем, Португаецот верува дека неговите фудбалери од натпревар во натпревар ќе бидат се подобри и уште сега им упати закана на потенцијалните противници во осминафиналето на елитното натпреварување.

– Екипите кои се во првиот шешир нема да сакаат да играат против нас, ние сме најсилен тим во вториот шешир. Знам дека сме во држава која поминува низ луд период околу Божиќ со многуте натпревари за краток временски период и тоа се одразува на фудбалерите, но во февруари многу подобро ќе ги разбирам моите играчи, но и тие ќе ме разбираат мене. Ќе бидеме подготвени, во февруари ќе биде застрашувачки – најави Мурињо.

Потенцијален противник на Мурињо и на Тотенхем во осминафиналето на ЛШ ќе биде една од петте екипи кои во групната фаза завршија на првото место, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Валенсија и Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот