Мурињо се расплака пред камерите, сака да тренира (ВИДЕО)

Португалецот во декември минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед и оттогаш е без тренерски ангажман. Иако работи како стручен аналитичар за неколку телевизии, тој сака да се врати на секојдневната тренерска работа.

А, колку тешко му паѓа тоа што сè уште е без ангажман доказ е снимката која се појави денеска и на која се гледа како Мурињо плаче додека зборува колку му недостига фудбалот.

– Откако сум во професионалниот фудбал некако се ми „кликна“, не можам да живеам без фудбалот. Имаше и тешки моменти, но повеќе беа радости и тоа е мојот живот – вели Мурињо кој потоа пред камерите покажа колку му недостасува тренерската работа.

– Многу ми недостасува, мислев дека ќе можам да уживам во одморот, но ништо од тоа. Не можам да живеам без фудбалот. Го скратувам времето учејќи германски јазик за да бидам подготвен доколку пристигне понуда од таа земја. Зборувам англиски, шпански, италијански и француски јазик – вели Мурињо.

Како негов иден клуб повторно се споменува германскиот гигант Баерн Минхен бидејќи тренерот Нико Ковач повторно влезе во војна со своите фудбалери, а притоа на стартот од Бундес лигата  не успеа да ја совлада Херта пред своите гледачи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот