Мурињо се јави, дали се враќа во Реал Мадрид? – Слободен печат
СпортФудбал

Мурињо се јави, дали се враќа во Реал Мадрид?

Шпанските медиуми наголемо пишуваат за смената на Зидан и неговите наследници.

Зинедин Зидан се наоѓа во големи проблеми, Реал Мадрид на почетокот од сезоната не блеска, алармите се вклучени, а шпанските медиуми тврдат дека веќе се бара негов наследник. Најзвучно име кое се споменува е тоа на Жозе Мурињо кој веќе го има водено „кралскиот“ клуб.

– Би ми била голема чест да го водам Реал Мадрид, но не би сакал сега да се вратам затоа што веќе има тренер, а тоа не е било кој. Би сакал да се смири ситуацијата околу Зидан. Моето враќање на клупата ќе биде кога ќе дојде време за тоа – изјави Мурињо.

Мурињо го предводеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година и за тоа време триумфира по еднаш во Ла Лига, Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.

Португалецот моментно работи како стручен аналитичар на телевизија, а истовремено учи германски јазик, во случај да не пристигне понуда и од Баерн Минхен.

– Моментно се забавувам додека работам на телевизија. Исто така учам германски јазик во случај некогаш да почнам да работам и таму – вели Мурињо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close