Мурињо: Единствен пат плачев таа ноќ во Мадрид…

EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Португалецот во интервју за „Марка“ открива досега непознат момент од својата кариера.

Имено, Жозе Мурињо открива дека орв пат во кариерата плачел по пораз на негова екипа, тоа се случило во сезоната 2011-12.

Во таа сезона, Реал Мадрид успеа да ја освои титулата во шпанското првенство победувајќи во борбата со Барселона која тогаш беше предводена од Пеп Гвардиола. Реал Мадрид тогаш стана првиот тим кој освои повеќе од 100 бодови во една сезона, а згора на тоа постигна исто така рекордни 121 гол.

Но, за разлика од Ла Лига, Реал Мадрид беше елиминиран од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

– Таа сезона Реал Мадрид беше најдобар тим во Шпанија и во Европа. Од таа причина многу тешко ја поднесов елиминацијата од Баерн во ЛШ. Тогаш единствен пат заплакав по еден пораз. Се сеќавам дека Каранка и јас седевме во автомобил пред мојата куќа, а солзите ми течеа. Беше тешко бидејќи бевме најдобар тим во Европа – открива Мурињо за „Марка“.

Баерн Минхен по подобро изведување на пенали успеа да го совлада Реал Мадрид и да се пласира во финалето каде загуби од Челси, исто така во пенал рулетот.

Португалецот исто така даде коментар и за обвинувањата дека е дефанзивен тренер, иако неговиот Реал Мадрид од сезоната 2011/12 го собори рекордот по бројот на постигнати голови во Ла Лига.

– Историјата најдобро зборува за тоа и немам што да коментирам. Историјата вели дека Реал Мадрид го собори рекордот по бројот на постигнати голови. За време на својата кариерата успеав да се поправам, да напредувам и да станам некоја важна личност во светот на фудбалот – вели Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот