Му се слоши на Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено

Судењето за „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Кристина Блажевска и Миле Јовановски е прекинато до петок, бидејќи му се слоши на таткото на Боки 13. Процесот денеска еднаш беше прекинат поради влошената здравствена состојба на Миле Јовановски, па интервенираше и медицински тим. Судењето е прекинато во фаза кога неговиот син Бојан Јовановски пред судот започна да дава воведен збор.

Пред судот тој рече:
– На 17 јуни 2017 година сум избран за претседател на Меѓународниот сојуз. Истиот ден во 17 часот имав прием кај министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. На 22 јуни се одржа изборно собрание и како почесни членови беа избрани поранешниот амбасадор Чарс Гарет, обдусманот Иџет Мемети и Костадин Костадиновски од СДСМ.

Подоцна на средба со градоначалникот на Центар Андреј Жерновски побаравме да ни биде даден простор, па ни беше ветено дека ќе бидеме сместени во простории во Катната гаража до Кривичниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот