Мрежата за заштита од дискриминација апелира до пратениците да го поддржат предлогот за измени на Законот за здравствено осигурување

Во Собранието утре ќе се гласа по Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување – што ќе им овозможи на земјоделките платено породилно отсуство. Од Мрежата за заштита од дискриминација апелираат до пратениците да од сите политички партии на утрешната седница да го поддржат Предлог-законот.

Од Мрежата потсетија дека на нивна иницијатива и на ЛАГ Агор Лидер, повеќе од 60 здруженија на граѓани, сојузи и фондации бараа од Собранието да поднесе Предлог на закон за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување со кој ќе се овозможи системско решавање на проблемот на исклучување на земјоделците од правото на породилно отсуство.

Граѓанскиот сектор побара да се овозможи ова право за земјоделците под исти услови како за сите останати работници и самовработени лица, а притоа основицата за пресметка на висината на надоместокот да не биде помала од минималната плата, велат од Мрежата.

Потенцираат дека иако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила индиректна, интерсекциска и продолжена дискриминација кон жените индивидуални земјоделки во однос на право на платено породилно отсуство, Министертвото за здравство сѐ уште нема поднесено Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување, со што Министетрвото го прекршува Законот за спречување од дискриминација непостапувајќи по препораките на Комисијата.

Додаваат дека пред околу еден месец, пратеничките Маја Морачанин (ДОМ) и Рашела Мизрахи (ВМРО- ДПМНЕ) на прес-конференција го поддржале барањето за овозможување на платено породилно отсуство и боледување за земјоделците.

Предлог на законот за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување е поднесен од пратениците на Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот