Мозочните удари се и хуманитарна катастрофа, велат лекарите – од нив сѐ повеќе страдаат помладите

Фото: Слободен печат

Црни статистики за мозочните удари во Македонија, од кои се повеќе страда помладата популација, односно над 15 % од оваа болест се „препишува“ на пациенти и над 18 години.

Нездравиот начин на живот, но и постковид-компликациите се меѓу причините кои доведуваат до мозочните удари, велат лекарите.

За време на пандемијата, во текот на само една година на 100.000 граѓани биле регистрирани повеќе од 5.000 нови пациенти со мозочен удар – бројка која загрижува.

„Најголем дел од мозочните удари кај помладата популација ги викаме удари, кај што не е откриена причината за мозочниот удар, тие се викаат криптогени мозочни удари. Но, овде поголем дел од тие пациети имаат срцева аномалија, која што може да биде предизвикувач на мозочен удар, а во друга категорија спаѓаат и состојби кои се поврзани со коагулациониот механизам, исто така повреди на крвните садови на вратот, трауми на вратот и секако стилот на живот, а овде е употребата на никотин, алкохол и наркотици. Превентивата е најважна, која опфаќа и исто така значи да се делува на ризик-факторите, за да не дојде до мозочен удар. Да се третираат ризик-факторите ако дојде до мозочен удар, од типот на хипертензија, дијабет, прекумерна тежина, физичка неактивност. Секундарната превенција е да ја откриеме причината за мозочниот удар, за да можеме соодветно да се заштитиме, за да не се појави. Кај помладите пациенти имаме зголемување на мозочни удари како последица на Ковид-19, нарушување на коагулациониот систем и не е само короната, било која инфекција или вирусите може да бидат причините кои доведуваат до мозочен удар. Секој инфект во организмот може да доведе до формирање на протомбогена состојба во организмот, дали ќе замине тоа во мозокот или во белите дробови, тоа не може да знаеме, кај секој пациент е различно“, изјави неврологот д-р Сања Џамбазова Зикова.

Здравствените работници сметаат дека е потребна поголема едукација, како да ги препознаеме мозочните удари, како и посеопфатно третирање на пациентите, за да можат да се вратат во секојдневие.

„Советуваме една ментална гимнастика, но тоа е рехабилитација која не смее тука да заврши. Секако треба да се изготват подобри социјални програми за да имаме поуспешен процес за лекување на пациентите кои добиле мозочен удар и низа други хронични болести. Рехабилитацијата не значи да се посетуваат вежби само 21 ден, за да се подобри моториката. Тоа значи комплетно еден пациент кој што имал мозочен удар да успееме да го вратиме на некои работни задачи и во нормалниот социјален живот, за тоа ни треба еден комлетен процес на рехабилитација, вели Д-р Данијела Самоиловска Универзитетска професорка.

Мозочните удари веќе може да се дефинираат како хуманитарна катастрофа, велат здравствените работници. Самоиловска и Зикова денеска во Тетово учествуваа на здравстена работилница на тема „Превенцијата и мозочните удари“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот