МОЖЕ ЛИ НЕКОЈ ДА СИ ЈА ДОЗВОЛИ: Колку чини настап на Кајли Миног?

кајли миног

Кајли Миног има долгогодишна успешна музичка кариера, а нејзините настапи се доста скапи.

Сепак, постојат луѓе кои можат да си ја дозволат, меѓу кои е и азиската ѕвезда Карим Гарби. Еден настап на Кајли се наплаќа најмалку 1.235.000 долари.

Гарби, кој организира забави за џет-сетот изјавил дека Кајли е навистина скапа, иако со години нема објавено ништо ново и хитовско.

Сепак, публиката ја сака, а доказ за тоа е нејзиниот годинашен настап на Гластонбери, кога таа на сцената ги повика и Крис Мартин и Ник Кејв.

Кајли во 2005 се повлече од музичката сцена, кога ѝ беше дијагностициран рак на дојка, а првпат по болесна настапи како гостин на Scissor Sisters во 2010.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот