МОСТ: Пендаровски победи со 51,51 отсто пред Силјановска Давкова со 44,93 отсто од гласовите

На претседателските избори кандидатот Стево Пендаровски освои 51,51 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова 44,93 отсто покажуват резултатите од ПВТ на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Како што кажа претседателот на МОСТ Дарко Алексов на последната прес-конференција на Граѓанската асоцијација по изборниот ден одѕивот на изборите од ПВТ програмата изнесува 46,55 проценти со маргина на грешка од плус/минус 0,5 отсто, а на гласањето имало 3,56 отсто неважечки ливчиња.

Истата маргина ПВТ програмата ја има и за процентот на освоени гласови за претседател на Република Северна Македонија.

Алексов најави дека прелиминарната оценка за изборниот процес Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ја соопшти утре на прес-конференција и додаде дека во текот на изборниот ден немаше некои драматични случувања.

Граѓанската асоцијација изборниот процес го следеше со 1.500 посматрачи распоредени на 1.160 гласачки места по случаен избор односно покри 33 отсто од гласачките места во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот