Морина се врати на Косово - Слободен печат

Морина се врати на Косово

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина по излегувањето од притвор, вечерва се вратил во Косово.

Косовската Коханет, објави видео и информација дека Морина влегол на Косово околу 19 часот на граничниот премин Блаце.

Според Коханет, Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.

Претходно неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека Морина по излегувањето од притвор заминал за Приштина со косовски пасош.

Морина поседува и британска патна исправа, која му е задржана од Основниот кривичен суд во Скопје со мерките за претпазливост.

Кривичниот суд, постапувајќи по барањето од Србија преку Интерпол, одлучи дека не се исполнети условите за негова екстрадиција, што беше потврдено и од Врховниот суд.

Томор Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Македонија.

Прочитај повеќе

Колинда по истекувањето на мандатот ќе го искористи правото на плата и канцеларија

Слободен печат

Силниот земјотрес во Турција фатен во живо во телевизиско студио (ВИДЕО)

Слободен Печат

Дожд од игуани на Флорида поради ниските температури (ВИДЕО)

Слободен Печат

Најмалку 11 загинати во нов милитантен напад во Алепо

Слободен Печат

Расте билансот на жртви и повредени во стравичниот земјотрес во Турција

Слободен печат

Научник пред три месеци ја предвиде епидемијата: Колку е опасен корона вирусот?

Слободен Печат

Остави Коментар

14 − 6 =

Прочитај повеќе

Астероид ескплодираше во близина на Земјата, неговите остатоци се разлетаа во Северна Америка (ВИДЕО)

Слободен печат

Се зголемува бројот на повредени: Опожарена зграда по разорниот земјотрес во Турција (ВИДЕО)

Слободен Печат

Пендаровски и Мишел се согласија дека иднината и судбината на Македонија е европска

МИА Агенција

Османи: Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ

Слободен Печат

Поглед во Вухан – епицентарот на епидемијата на опасниот корона вирус

Слободен печат

Научниците ги открија причините за најголемата експлозија во Вселената

Слободен Печат