Монетарците ја потенцираат важноста од капитални инвестиции

Фото Архива на СП

Премиерот Зоран Заев одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон, како дел од редовните годишни консултации.

„Од ММФ оценуваат дека реализација и вложувања во капиталните инвестиции во следниот период можат да помогнат за зголемување на потенцијалот за раст на економијата, со препорака во услови на ковид -19 да се продолжи со поддршка на здравствениот систем како приоритет, како што впрочем е предвидено и во предлог Буџетот за 2021 година“, соопштија од Владата.

Оттаму пренесуваат дека премиерот рекол дека моменталната криза е можност за системски реформи и според трендовите, трансформација кон новата развојна економија со фокус на дигитализација, енергетика и обновливи извори на енергија, како и создавање на предвидлив и поволен деловен амбиент за нови инвестиции.

На состанокот било дискутирано дека последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но се ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки и било заклучено дека е потребно да се продолжи со постојано следење на состојбите, приспособување на политиките и преземање навремени мерки според моменталната состојба за ублажување на ефектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот