Моментот кој навивачите на Ливерпул го чекаа цело лето (ВИДЕО)

Фановите на Ливерпул конечно го дочекаа моментот на кој се надеваа цело лето. Тијаго Алкантара денеска го облече дресот на Ливерпул откако вчера англискиот и германскиот тим се договорија за отштетата.

Готово: Алкантара од Баерн Минхен се сели во Ливерпул!

„Црвените“ ќе му платат на Баерн околу 30 милиони евра обесштетување, а шпанскиот репрезентативец експресно ги договори личните услови со Ливерпул и од оваа сезона ќе биде креатор на играта на тимот од „Енфилд“.

 

Долго го чекав овој момент и многу сум среќен што сум тука. Како поминуваат годините, само се обидуваш да освои што повеќе пехари, но секогаш сакате уште. Ливепул го опишува тоа што сум јас, сакам да постигнам се, да освојам што повеќе трофеи. Мислам дека и тука ќе го имам чувството на блискост кој ми е потребен. Знам дека ќе мора што побрзо да се адаптирам на екипата но и на ситуацијата во која живееме. Слободно можам да кажам дека навивачите не се повеќе возбудени од мене.Лесно е да се зборува, ќе го оставам срцето на теренот за соиграчите, клубот и навивачите – изјави Алкантара на промоцијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот