МНР: Македонските државјани кои беа евакуирани во Мароко пристигнаа во Мадрид во добра здравствена состојба

Двајца македонски државјани кои беа евакуирани во камп во Маракеш, Марко по катастрофалниот земјотрес сега се во Мадрид и се во добра здравствена состојба, информираше Министерството за надворешни работи.

Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време.

Од МНР додаваат дека во изминатите два дена нема нови пријави за наши државјани во Маракеш и најавија дека продолжува комуникацијата со надлежните институции во Мароко, за евентуални други македонски државјани.

-Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732 – се додава во соопштението.

Повеќе од 2.000 жртви во земјотресот во Мароко

Земјотресот се случи во петокот на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко, нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

Според последните информации бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија синоќа вооружените сили на земјата.

Повредени се најмалку 2.421 лице, а се предупредува дека бројот на загинати може да продолжи да расте бидејќи спасувачите стигнаа до оддалечените рурални области.

Во меѓувреме, граѓаните негодуваат поради тоа што помошта не стигнува до градовите и селата во руралните планински области јужно од Маракеш.

Мароко вчера соопшти дека прифатил помош од четири странски земји, додека многу други земји исто така потврдија дека се подготвени да испратат помош. Властите „во оваа фаза“ одговорија позитивно на понудите од Шпанија, Велика Британија, Катар и Обединетите Арапски Емирати „да испратат тимови за пребарување и спасување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Над 2.000 луѓе загинаа во земјотресот во Мароко, прогласена тродневна жалост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот