„Многу сум среќна“: Џенифер Лопез откри дека никогаш не се чувствувала подобро

џенифер лопез
фото: принтскрин/инстаграм

Џенифер Лопез и Бен Афлек изминативе месеци станаа топ тема низ целиот свет, откако се појавија гласините дека најомилениот пар на сите времиња ја обновуваат својата љубов.

Имено, Лопез и Афлек веќе не ја кријат својата љубов, а дека се посреќни од кога било зборуваат многуте фотографии што се појавија во јавноста.

Многу сум среќна“, рече Лопез во понеделникот во интервју со Зејн Лоу на „Apple Music 1“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Знам дека луѓето секогаш сакаат да знаат. Како сум? Што се случува? Дали сум добро? Ова е тоа. Никогаш не ми било подобро“, откри ѕвездата.

„Луѓето кои се грижат за мене, за кои и јас многу се грижам, сакам да знаат дека навистина стигнав до местото во мојот живот каде што се чувствувам одлично самата со себе. И мислам дека штом ќе стигнеш на тоа место, тогаш ќе се случат неверојатни работи што никогаш не си замислувал во животот дека ќе се повторат. И така, тука сум и јас“, откри Лопез.

Ја сакам целата љубов што чувствувам сега и сите добри желби. И само сакам сите да знаат дека ова е најдоброто време. Тоа е најдоброто време во мојот живот“, додаде Џенифер.

ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаат во забавен парк со нивните деца

Дел од таа љубов се чини дека доаѓа од Афлек, со кого беше во врска од 2002 година, додека не ја завршија свршувачката во септември 2003 година.

И двајцата се омажија за други, а во 2019 година Лопез се сврши со славниот бејзбол играч, Алекс Родригез. Двојката јавно ја заврши својата врска во април оваа година.

Ниту Лопез, ниту Афлек официјално не рекоа дека се повторно заедно, фотографиите кои кружат во јавноста се повеќе од доволен доказ дека парот е повторно заедно.

ФОТО | Џеј Ло се вратила дома, а Бен Афлек уловен во коцкарница: Нема да поверувате со кого

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот