ФОТО | Џеј Ло се вратила дома, а Бен Афлек уловен во коцкарница: Нема да поверувате со кого

Instagram
Instagram

Актерот Бен Афлек (48) бил забележан во казино во Лас Вегас без старо-новата љубов Џенифер Лопез (51). Наместо Џенифер, со него во друштво била нејзината мајка Гвадалупе Родригез (75).

Познато е дека Бен и Гвадалупе делат заедничка љубов кон коцкањето, а наводно и порано често оделе заедно во казина.

24sata
Profimedia

Како што пишуваат американските медиуми, таа разговарала со Бен за нејзината ќерка затоа што тој ја изневерувал додека биле свршени. Бен ѝ ветил дека никогаш повеќе нема да ја повреди Џенифер.

– Таа отсекогаш го сакала Бен и го натера да ѝ вети дека повеќе нема да ѝ го скрши срцето на нејзината ќерка – рекол извор за „Стар“.

image
Profimedia

Неговиот престој во казиното изненади многумина бидејќи пред неколку години тој призна дека е зависник од коцкање, што беше и причината за разводот од неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца.

– Луѓето со компулсивно однесување, на кое и самиот им припаѓам, цело време имаат некаква основна непријатност којашто се обидуваат да ја отстранат и да се чувствуваат подобро, па често излезот го бараат во јадењето, пиењето, сексот, коцкањето или шопингот. Но, сето тоа ви го прави животот уште полош. Тогаш правите сè што е во вашата моќ да ја отстраните таа непријатност, а тогаш започнува вистинската болка. Почнувате да се наоѓате во еден маѓепсан круг што не можете да го прекинете – изјавил тогаш славниот актер.

24sata
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот