ММФ препорачува прогресивен данок, Бесими вели ќе има реформи, ама не се знае какви

Фатмир Бесими / Фото: Секретаријат за европски прашања - МИА

Во однос на препораката на ММФ за воведување на прогресивен данок, министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во наредниот период следи отворена дебата за даночната реформа, но без прејудицирање на одредени промени.

– Ние во декември имавме јавна расправа за петгодишната Стратегија за реформа на даночниот систем. И денеска имаме средба со стопанствениците, со УЈП, со Царина и една од темите е даночната реформа, но без прејудицирање на стапки и други детали. Целта на даночната реформа ни е изградба на модерен, праведен, дигитален систем за наплата на даноци. Во рамките на реформата е и борбата против сивата економија – рече Бесими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот