ММФ: Глобалните економски перспективи остануваат крајно неизвесни заради пандемијата

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева денеска изјави дека глобалните економски перспективи остануваат крајно неизвесни, имајќи ја предвид пандемијата на коронавирусот и зголемениот јаз меѓу богатите и сиромашните земји, што бара од ММФ да најде дополнителни средства за поддршка.

На виртуелна прес-конференција, Георгиева најави ново одобрување на „валутата” на ММФ, односно специјални права за повлекување, што ќе им обезбеди на земјите поголем фискален простор за решавање на здравствената криза и за забрзување на преминот кон дигитална и зелена економија.

Шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон, новата претседателка на Управниот одбор на ММФ, истакна на заедничката прес-конференција со Георгиева, дека е сосема јасно оти потребата за ликвидност е се уште висока и ќе се консултира со земјите ќленки околу опциите за зголемување на ликвидноста.

Георгиева нагласи дека ММФ рапидно го зголеми концесиското финансирање на пазарите во развој и економиите во развој, што вклучува донации од околу 20 милијарди долари во постоечките специјални права за повлекување (СДР). Тој вид на финансирање, додаде таа, ќе продолжи да игра важна улога, но потребни се натамошни чекори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот