Младите ракометари преку Луксембург до финалето на ЕХФ шампионатот

Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години ќе игра во финалето на ЕХФ шампионатот што се одржува во Рига, Летонија откако денеска ја забележаа и третата победата.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ денеска славеа со убедливи 32:22 против Луксембург.

Македонските ракометари уште во воведните минути покажаа разлика во квалитет и поведоа со 6:1, по што рутински ги одработија првите минути од средбата  и на одмор заминаа со плус шест (15:9).
И второто полувреме помина идентично на првото, Македонија доминираше на двата дела од теренот, а до двоцифрена предност дојдоа во финишот (29:19) по што рутински го приведоа натпреварот до крајот за конечни 32:22.
Славчо Шулески со десет гола и Александар Петковски со седум беа најдобри кај Македонија која во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Швајцарија и Летонија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот