Младинците на Вардар поразени од Борац Бања Лука

Вардар на оваа средба настапи со фудбалери од младинскиот тим, со исклучот на Колевски и Цветановски. 

Екипата на Вардар е поразена од Борац Бања Лука со 0:2 на подготовките во Анталија, Турција.

Тренерот Александар Васоски се одлучи на ваков потег бидејќи „црвено-црните“ утре го играат последниот натпревар во Анталија, против тимот на Мура од Словенија.

Борац поведе во 30. минута со голот на Владимир Арсиќ за 1:0, а конечниот резултат го постави Александар Радуловиќ во 57. минута од пенал.

На подготовките во Анталија е и екипата на Македонија ЃП која доживеа убедлив пораз од 0:3 од Тузла. Сите три гола за тимот од БиХ беа дело на Сенегалецот Баџи Бадара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот