Млади против корупција: Подмладоците на политичките партии ќе дебатираат на национална Конференција

Корупција / Фото: Архива на „Слободен печат“

Денеска ќе се одржи национална конференција „Млади против корупција” во хотел Панорамика во Скопје, на 30 ноември (среда) 2022 година, со почеток во 11 часот.

На Конференцијата ќе се промовираат резултатите од иницијативите кои беа водени од Млади Агенти за борба против корупција во пет општини (Охрид, Прилеп, Штип, Кисела Вода и Бутел).

Воедно претседателите на подмладоците од политичките партии ќе потпишат и Декларација за заложба за борба против корупција.

Настанот ќе го отворат г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на СЕГА, и г-ѓа Билјана Ивановска, Претседател на Државната Комисија за Спречување на Корупција, а свои обраќања ќе имаат и: г-дин Марко Михаилоски, претседател на СДММ при СДСМ; г-дин Јетмир Асани, потпретседател на Младинскиот форум на ДУИ при ДУИ; г-дин Сергеј Попов, претседател на УМС при ВМРО-ДПМНЕ; г-дин Семир Пајазити, Форум на млади на движење БЕСА, при Движење БЕСА; и г-дин Марио Јанески, претседател на Црвена Младина при Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот