Млада Србинка сакала да заколе Турчин во Будва, го бодела повеќепати

Фото: Petr Kratochvil

Полицијата во црногорското летувалиште Будва ја уапсила 21-годишната Србинка Д.М., којa е осомничена за обид за убиство на десет години постар турски државјанин, јавуваат медиумите.

Ова за „Вијести“ го потврдиле од полицијата, од каде ја сомничат младата српска државјанка дека вчера со нож му нанела повеќе убодни рани на турскиот државјанин во населбата Лази во Будва, пренесува „Н1“.

Според соопштението од полицијата, во вторникот околу 10:00 часот, во простории од куќа во Будва, најпрвин дошло до вербален, а потоа и физички конфликт помеѓу М.Д. и нејзината мајка од една страна и Х.Б. од друга страна, по што, како што полицијата се сомнева, М.Д. со употреба на остар предмет – нож на оштетениот Х.Б. му нанел убодни рани во грбот.

Турчинот е тешко повреден и бил пренесен во болница за да му се укаже помош, јавуваат црногорските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот