Митрески: Нова влада до 18 јануари, избори во 2024 година

Фото: ТВ24/принтскрин

На државата не ѝ се потребни предвремени избори, туку нова, стабилна Влада предводена од СДСМ која ќе ги решава претстојните предизвици особено со енергетската криза и пандемијата, рече вечерва во студиото на ТВ24 координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Тој истакна дека согласно роковите и актуелната ситуација, новата Влада предводена од СДСМ и новиот мандатар ќе биде формирана околу средината на месес јануари.

„Не верувам дека ќе се чека многу денови за целата процедура за новата Влада, бидејќи државата е исправено пред голем број предизвици. Петти или 10-ти јануари се работни денови кога би можеле да се поднесат во Собранието програмата и составот на нова Влада, па потоа течат рокови за закажување седница и очекувам до 18-ти јануари да има нова Влада, кажа Митрески. Ќе биде избрана новата Влада од новото мнозинство, а очекувам и новото мнозинство да расте кога ќе ја видат програмата, посочи Митрески.

Митрески рече дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата продолжуваат да шират шпекулации за нови мнозинства, за предвремени парламентарни избори, но и дека таквите шпекулации постојано се демантираат и изрази уверување дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „конечно ќе се откажат од блокадите на важни закони за граѓаните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот