Мистериозен даб во Косово: Кој го бакнува три пати ја наоѓа среќата

„Вртете се околу него и бакнете го три пати и ќе ви излезе среќата“, е изреката што со векови се раскажува за овој карактеристичен даб, кој во себе чува многу приказни. Дабот се наоѓа внатре во еден храм во косовското село Рогана, Каменица.

На внатрешните sидови на храмот се наоѓаат и два гроба. Според Елхами Калаба, жител, освен пронаоѓањето на среќата, ова место станало причина многу жени да станат мајки.

– Имало луѓе што им помогнало многу. Се зборува дека пред неколку години некој дошол од Добрчани со возило со еден легнат парализиран човек и на враќање тој станал на свои нозе и земал јаболко и од тогаш почнал да оди – објаснува Калаба.

Се верува дека доколку посетителите земале дури и мали работи од ова место, било да е тоа само еден камен или лист, тоа им носело среќа. Петти мај е денот кога најмногу луѓе го посетуваат овој храм, односно бројката достигнува и до 6.000 посетители.

Овој храм го посетиле и многу луѓе од регионот, кои биле многу задоволни па дури повторно се вратиле на тоа место со цел да им се исполнат нивните желби, пренесува Газета Експрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот