Мисијата на ОБСЕ демантира дека интервенирала полицијата да обезбеди дозвола за протестите во Тетово

Порталот Лајмпрес, денеска објави информација, која „Слободен печат“ ја пренесе, дека мисијата на ОБСЕ интервенирала полицијата да обезбеди дозвола за протестите во Тетово пред седиштето на ДУИ.

Лајмпрес го цитираше братот на Ел Чека, кој е организатор на протестите.

„Ахмеди протестот го најавил во СВР-Тетово и информирал дека барањето само на албански јазик не било прифатено од тетовската полицијата. Тој исто така соопштил дека со интервенција на ОБСЕ е обезбедена дозвола за протест, без блокирање на патот од страна на полицијата“, објави Лајмпрес.

По ова, мисијата на ОБСЕ испрати реакција до нашата редакција. Реакцијата је пренесуваме во целост:

„Денес порталот Слободен печат објави содржина за протести во Тетово и други градови планирани за во недела. Овој текст содржи изјава во која се вели дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје интервенира полицијата да обезбеди дозвола за протестите. Мисијата појаснува дека ова не е вистина.

Мисијата силно го поддржува правото на мирен собир, кое што е основна вредност на функционален демократски систем. Сепак, Мисијата нема улога во одлуките на надлежните органи поврзани со поединечни протести. Мисијата не побарала од полицијата да даде дозвола за овие протести.

Правото за слободно здружување и неговите ограничувања се јасно објаснети во Документот на ОБСЕ донесен во 1990 во Копенхаген“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот