Во недела нови протести пред ДУИ - Слободен печат
ВестиМакедонија

Во недела нови протести пред ДУИ

Истиот медиум јавува дека Блерим Ахмеди, братот на Ел Чека, најавил дека за наредниот протест кој ќе се одржи во недела, ќе има организирани автобуси и комбиња од сите градови.

За во недела, во 16 часот, се највуваат нови протести во Тетово. Како што јавува Лајмпресс, демонстрантите ќе се соберат кај Ректоратот на тетовскиот Универзитет, од каде ќе тргнат да протестираат пред седиштето на ДУИ во Речица.

Истиот медиум јавува дека Блерим Ахмеди, братот на Ел Чека, најавил дека за наредниот протест кој ќе се одржи во недела, ќе има организирани автобуси и комбиња од ситe градови: Тетово, Гостивар, Струга, Куманово, Охрид, Скопје, Дебар и Кичево.

– Ахмеди протестот го најавил во СВР-Тетово и информирал дека барањето само на албански јазик не било прифатено од тетовската полицијата. Тој исто така соопштил дека со интервенција на ОБСЕ е обезбедена дозвола за протест, без блокирање на патот од страна на полицијата”, јавува Лајмпресс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close