Мисајловски: Конечно сите криминалци треба да одговараат, а за политичарите мора да се знае потекло на имотот
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски носител на листата кандидати за пратеници во ИЕ 2 на вечерашното гостување на изборната програма на телевизија 21 рече дека во Македонија нема правда има само криминал и корупција.
-Сакам конечно сите криминалци да завршат таму каде што им е местото. И повторувам одговорност за сите без исклучок. Секој ден слушаме за рекет, за тоа како се организира прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и врз други луѓе кои не размислуваат како оваа власт. Преку 80 проценти од граѓаните се незадоволни токму поради состојбата во оваа област. За тоа се криви сите политичари до сега. И доста зборуваме за оние крупни политички одлуки обичниот граѓанин не може да заврши обичен процес низ сите оние лавиринти низ правосудството. И ние во нашата програма бараме испитување на потекло на имот на сите политичари и тоа мора веднаш да се направи. Но да не заборавиме високата корупција мора да се процесуира низ институциите, но не треба да ги заборавиме граѓаните и нивните проблеми- рече Мисајловски.
Според него власта досега можеше многу да направи освен да гони една политичка партија.
-Се знае кој е тој што треба да постапува по овие процеси, не се тоа политичарите- рече Мисајловски.
Обракајќи се на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, носител на листа на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Мисајловски рече дека СДСМ е на власт, а се однесува како опозиција, прашувајќи го зашто не напраија ништо за овие три години на власт.
Мисајловски укажа за да не се грижат граѓаните за иднината треба да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за да не бидат сведоци повторно на виртуелни проекти.