„Мирор“ го најде перфектниот напаѓач за Манчестер јунајтед!

twitter.com/UnitedsUpdate

Додека Манчестер сити, Ливерпул, а и Лестер без проблеми ја пронаоѓаат противничката мрежа, Јунајтед од овој аспект не можат да се пофалат.

Недостатокот на голови го држи составот на Солскјер го држи под очекувањата, после 11 одиграни кола се наоѓа дури на 10. место.

Се ближи наредниот преоден рок, Јунајтед мора да реагира, а со него се поврзуваат огромен број на играчи.

Дури девет стрелеци имаат шанси да дојдат во Манчестер, а „Мирор“ ги процени и внините шанси за евентуален трансфер во следниот преоден рок, и тоа со оценки од 1 до 5.

Жадон Санчо е голема желба на многу клубови, но шансите да дојде во Јунајтед се минимални.

Нешто поголеми шанси имаат Каи Хаверц, Бруно Фернандеш и Тимо Вернер оценети со 2, додека Томас Милер и Муса Дембеле се најдоа на средината.

Со четворка се одвојуваат Џејмс Медисон и Ерлинг халанд, а со 5 се оценува само еден играч, Марио Манџукиќ. Хрватот е меѓу најстарите напаѓачи од оваа листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот