МИРНО ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ ИЛИ КООРДИНИРАНО НАСИЛСТВО? Нови судири на сепаратистите и полицијата во Каталонија

Шпанската влада предупреди дека насилните протести во Каталонија ќе бидат пресретнати со „цврст, пропорционален и обединет“ одговор, по одредените затворски казни за девет борци за независност на регионот, кои предизвикаа насилни протести втора вечер по ред, објави британски „Гардијан“.

Во еден од најексклузивните делови на Барселона, планираните мирни демонстрации се претворија во судири со полицијата. Демонстрантите запалија огнови на повеќе локации и поставија импровизирани барикади во центарот на градот, пред групата да биде разбиена од шпанската и каталонската полиција.

Слични сцени можеа да се забележат и во Тарагона, Жирона и Леида, каде има информации дека се повредени повеќе луѓе.

Шпанската влада изјави дека 51 човек е уапсен ширум Каталонија во понеделникот и вчера, додека 54 полицајци од регионалната полиција и 18 од националната полиција се повредени.

– Очигледно е дека ова што го се случуваа не е мирно граѓанско движење, туку координирано од групи кои користат насилство за да го нарушат соживотот во Каталонија – стои во една изјава на надлежните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот