Минималната плата во приватниот сектор во Грција порасна на 830 евра

Атина, Грција
Атина, Грција / Фото: EPA/SIMELA PANTZARTZI

Грчкото Министерство за труд ги изнесе деталите за новото зголемување на минималната плата на 830 евра, по утринските најави на премиерот Киријакос Мицотакис.

Според новите податоци, околу 550.000 вработени во приватниот сектор ќе имаат зголемување на платите, бидејќи од 1 април оние на кои им се исплатува минималната плата ќе добиваат 830 евра месечно, што е покачување од 50 евра во однос на претходната која изнесуваше 780 евра.

За висината на покачувањето земени се предвид предлозите на општествените и научните тела, додека зголемувањето дојде порано, на 1 април, за да имаат бенефит од ова покачување и сите работници во туризмот.

Ова е четврто зголемување на минималната плата во Грција, како резултат на што таа сега е зголемена за 27% од 650 евра колку што беше во 2019 година.

Не е шега: од 1 април минималецот во Грција ќе биде 800 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот