Минатата година расчистени три случаи за напади врз новинари, ЈО ќе продолжи да постапува по предмети поврзани со безбедноста на новинарите

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Јавното обвинителстви во 2022 година на територија на цела држава евидентирало четири случаи поврзани со напади врз новинари, од кои три се решени, соопштија од ОЈО по повод 3 мај – Денот на слободата на медиумите.

-Основниот јавен обвинител на скопското обвинителство назначи посебен јавен обвинител да го следи и да го координира постапувањето во предметите кои се однесуваат на безбедноста на новинарите. Во статистиката на овој тип кривични дела се вбројуваат оние кривично-правни настани во кои новинарите се оштетени при вршење на нивната новинарска должност, односно постојат индиции дека нападот е поврзан со вршењето на новинарската професија. Но, исто така, Јавното обвинителство проактивно го следи постапувањето и во предметите каде новинарите не се оштетени, туку се пријавени лица или повикани за сведоци во одредени постапки, се вели во соопштението.

Додаваат дека во најновиот Глобален индекс за слободата на медиумите на организацијата „Репортери без граници“ нотирано е назначувањето на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за координација на предметите поврзани со безбедноста на новинарите

-Од почетокот на годинава регистрирани се уште два предмети во надлежност на ОЈО Скопје, од кои во еден е поднесено обвинение, а другиот е во предистражна постапка, се додава во соопштението.

Порачаа дека ќе продолжат да даваат приоритет на постапувањето по предметите кои ја засегаат безбедноста на новинарите.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот