Милошоски: Доколку Собранието повторно се состане, тоа ќе служи како параван за озаконување на сите уредби на Владата

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Артан Груби од ДУИ, пак, смета дека по завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат изборните рокови. За иницијативата на СДСМ; според него, треба да се изјасни Уставниот суд.

Откако Собранието ќе се распушти, тоа не може да биде во заседание и нема мандат да заседава, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, коментирајќи ја иницијативата на СДСМ за повторно конституирање на законодавниот дом..

– Додека е во сила одлуката за самораспуштање на Собранието со 108 гласови„за”, не може никој по своја иницијатива или желба да го конституира или реконституира Собранието, без да добие мандат од граѓаните на изборите, вели Милошоски.

Тој вечерва на Топ Тема рече дека доколку Собранието повторно се состане, тоа ќе служи како параван за озаконување на сите уредби на Владата кои, според него, СДСМ и ДУИ ги донеле за време на вонредната состојба, а немаат врска со таква состојба.

Артан Груби од ДУИ, пак, смета дека по завршувањето на вонредната состојба, продолжуваат изборните рокови. За иницијативата на СДСМ; според него, треба да се изјасни Уставниот суд.

– Се зависи апсолутно од јавното здравје и пандемијата. Сите планирања и датуми зависат од справувањето со коронавирусот. Ние не велиме да не се свика собранието, туку Уставниот суд да се изјасни за барањето на СДСМ, изјави Груби. Оваа иницијатива, која не изненади и е еднострана, треба да се поднесе до Уставниот суд и да го видиме ставот, изјави Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот