Милијарда евра за „корона фондот“ донација од Холандија

Холанскиот министер за финансии Вопке Хукстра истакна дека станува збор за подарок, а не за позајмица.

Холандската Влада ќе донира една милијарда во така наречениот „корона фонд“ чие формирање се покренува во рамките на Европска Унија, а има за цел да ги помогне земјите тешко погодени од епидемијата со корона вирусот, а кои не располагаат со доволно средства за набавка на неопходните медицински материјали.

Холанскиот министер за финансии Вопке Хукстра истакна дека станува збор за подарок, а не за позајмица.

Утврдувањето на условите за пристап до средствата, како и начините на кои ќе се врши контрола на издадоците се следен чекор од планот.

Вкупната сума на „корона фондот” ќе зависи од придонесот на земјите-членки на Унијата.

Претходно, холандскиот премиер Марк Руте и Хукстра беа остро критикувани од страна на нивните колеги во ЕУ, посебно од страна на италијанскиот и шпанскиот премиер, како и од претседателот на Европски совет, Чарлс Мишел поради тоа што се против издавање на евро обврзница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот