Милевски пред мечот со Бугарија: Политиката е на страна, нè интересира само спортскиот аспект

фото: ФФМ

Македонската А репрезентација во понеделник од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје против Бугарија ќе го игра последниот натпревар во групата од Лига на нации.

На официјалната прес-конференција пред новинарите говореше селекторот Благоја Милевски кој вели дека неговите играчи се спремни да покажат дека незаслужено загубија во Тбилиси од Грузија пред два дена.

– Промени дали ќе има не би говорел. Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси. Што се однесува до Бугарија, ја анализиравме, но со многу проблеми. Тие имаат нов селектор и многу нови играчи, а тоа е непознаница. Сепак, ние мора да се концентрираме на нашата игра. Само тројца од првиот меч се тука, а особено и младите играчи кои првпат се во составот, поседуваат квалитет, јас гледам на тоа како противникот функционира како тим – вели Милевски.

Нашиот селектор има стратегија, тоа е создавање на тим кој ќе биде конкурентен во наредните четири-пет години.

– Здравствениот билтен ќе биде појасен по денешниот тренинг кој претстои. Што се однесува до теренот, тој не е во многу добра состојба. На мое барање стадионот 30 дена не се користеше. Да бидеме јасни, политиката е на страна, ние сме спортски работници и нè интересира само тоа. Мора да најдеме начин да победиме на теренот. Јас по дуелот во Бугарија се заблагодарив на домаќинот за дочекот, а од наша страна ќе биде вратено тоа тука. Нè интересира само спортскиот аспект. Цврсто сум убеден во мојот личен став и на федерацијата е дека гледаме само на спортот. И јас ја повикувам публиката да биде фер и коректна – се зборовите на Милевски.

ФФМ апелира за фер и коректно навивање на натпреварот Македонија – Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот