ФФМ апелира за фер и коректно навивање на натпреварот Македонија – Бугарија

фото: fkrabotnicki.com

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите кои ќе ја бодрат македонската А репрезентација на утрешниот натпревар (20.45 часот) против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, како и до сега, да им бидат поддршка на нашите фудбалери во текот на мечот.

ФФМ ги повикува сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации.

– Апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, користење на ласери, насилно однесување и фрлање предмети на терен. Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот. Воедно, праќаме информација до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ дека влезовите на нашиот најголем стадион ќе бидат отворени од 18.45 часот до 20.30 часот. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација навреме да бидат на своите места на Националната арена – информираат од федерацијата.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets. Продажбата се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема.

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“ – Скопје, 26. септември, 20.45 часот)

Цени на билети:

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 – 250 денари

Блок 21 и 23 – 250 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6 – 250 денари

Блок 3 и 4 – 350 денари

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:

Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае

Велес:
• Унисон

Прилеп:
• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако

Гостивар:
• Тобако Вона 5

Охрид:
• ТА Вис Пој

Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers

Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари

Радовиш:
• ТА Халкидики

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот