Милан се откажува од Лига на Европа

EPA-EFE

Управата на Милан започна преговори со УЕФА но нема да вложи жалба за исклучувањето од Европа бидејќи сè уште има проблеми со финансискиот фер плеј. Новиот директор на Милан, Иван Газидис во соработка со сопствениците на клубот, одлучија да започнат со консолидирање на финансиската состојба и воедно да го подмладат тимот кој не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Местото на Милан во Лигата на Европа би го преземал Торино кој беше веднаш зад „росонерите“ на табелата во Серија А.

Освен проблеми со финансискиот фер плеј, управата на тимот има главоболки и со тренерската позиција. По оставката на Џенаро Гатузо, сè уште не е познат неговиот наследник. Како главен фаворит се споремува тренерот Џампаоло од Сампдорија и Консеисао од Порто но тој има клаузула од 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот