Михајловиќ: Си го сонував сопствениот погреб и научив да плачам

Синиша Михајловиќ повторно е на лекување против леукемијата/фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, за италијанскиот Скај Спортс зборуваше за борбата против леукемијата.

Михајловиќ неодамна објави автобиографска книга во која најголем дел беше посветен на борбата против тешката болест.

Животот е прекрасна работа и кога ќе поминете низ тоа што јас го поминав, ќе научите да уживате во се и во секој детаљ. Роден сум два пати, 20. февруари 1969 година и 29. октомври 2019, 50 години подоцна. Да се види силен маж како плаче е нежно, со оваа болест научив да се носам со емоциите, да пуштам солза и не се срамам тоа да го правам. Никој не треба да се срами. Претходно емоциите ги држев во себе, а потоа сфатив дека плачењето е добро, ги покажувате емоциите на луѓето кои ги сакате“ – изјави Михајловиќ за Скај Спортс.


Освен со емоциите, тренерот на Болоња открива дека се борел и со стравот.
– Нормално дека се плашев, да се помине цела ноќ со сите мисли кои ви доаѓаат… не е лесно. Дури неколку пати го сонував и сопствениот погреб. Но, никогаш не ја губев надежта поврзана со желбата да се борам. Храброста ми беше духовна храна. Поддршката од луѓето предизвика две различни чувства, бев среќен што ги гледам заедно кога доаѓаат да ме поздрават, но се чувствував тажно бидејќи не можам да бидам со нив. Длабоко во себе никогаш не се сомневав со себе – открива Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот