Михаел Рот: Бундестагот да даде зелено светло за отворање на преговорите со Северна Македонија

Михаел Рот/ Фото: ЕПА

Германската влада побара од Бундестагот да донесе одлука за отворање на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија.

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот испратил писмо до Бундестагот во кое се наведува дека согласно заклучоците од Европскиот совет од 26 јуни 2018 година, Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори со ЕУ во јуни 2019 година.

– Федералната влада на Германија смета дека Европската комисија ќе даде позитивна препорака за отварање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. По излегувањето на извештаите за овие две земји, германскиот Бундестаг ќе биде информиран, тврди Рот.

Германскиот министер тврди дека Северна Македонија и Албанија ги усогласиле нивните легислативи со европските и постигнале напредок и значајни резултати.

Рот препорачува да се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија и заради опасноста од заостанување во развојот на регионот, што ќе донесе нестабилност и вклучување на другите влијателни земји како Русија, Кина и Турција со свои интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот