Мицотакис: Потребна ни е солидарност меѓу нас самите, па потоа од ЕУ за решавање на мигрантското прашање

Не може да се борам и да барам солидарност од Европа кога не постои солидарност меѓу нас, им рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на префектите од целата земја во однос на бегалското/ мигрантското прашање и побарал од нив са покажат солидарност за островите, паралелно владата најавува изградба на затворени центри за мигрантите, но и вработување на над 1000 лица за чување на границите и прифатните центри, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова барање на Мицотакис, следува по по негативните реакции и протести на локалното население во одредени делови на Грција за пренесувањето бегалци и мигранти од островите во останатите региони низ земјата.

На средбата во премиерската палата со 13те префекти , Мицотакис рекол дека актуелната влада следи поинаква политика за конкретното прашање.

-Го сменивме законот за азил, го направивме построг. Следиме различна политика во чувањето на границите. Одиме кон формирање затворени центри за да контролираме кој влегува и кој излегува, рекол Мицотакис.

Министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис истакнал дека пред сè, мора да гарантираат дека Грците се безбедни и се чувствуваат безбедно и додал дека ќе се вработат 400 гранични полицајци во Еврос (на границата со Турција), 500 нови службеници во службите за азил и 800 лица задолжени за чување на границите на островите и прифатните центри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот