Мицотакис и Ердоган се согласиле да ги остават тензиите од 2020 година во минатото

Фото: EPA-EFE/DMITRIS PAPAMITSOS/HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Разговорот меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на денешната средба во рамки на Самитот на НАТО во Брисел, помина во позитивна атмосфера, изјавија за „Катимерини” извори од грчката Влада.

Изворите велат дека двајцата лидери го „скршиле мразот” и оти се согласиле „да ги остават тензиите од 2020 година во минатото, и покрај многу значајните разлики (меѓу двете земји) што постојат”.

Средбата меѓу двајцата лидери траеше еден час. Според агендата, следува средба на Ердоган со американскиот претседател Џо Бајден.

Целта на денешната средба меѓу грчкиот премиер и турскиот претседател беше да се постигне она што не се случи на нивните претходни две средби, во Њујорк во септември 2019 година и во Лондон во декември истата година, поточно да се отвори канал за комуникација меѓу двајцата лидери, коментира „Катимерини”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот