Мицкоски: Заев е главен рекетар и трговец со виталните органи на Македонија (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одржа говор за време на вечерашниот протест, кој го организираше неговата партија.

„Правдата е нападната од неправдата! – започна Мицкоски, кој додаде дека судската и обвинителската власт се брутално згазени, а и „дека аудио-материјалот покажал и докажал мафија која ја одзела слободата и правдата во Македонија.“

– Тоа е мафија која три години е сојузник на криминалот. Тоа е мафија која диктира обвиненија и пресуди. Мафија која го негува режимот на Зоран Заев. Но, за сето ова е највиновен самиот Заев. Тој е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија. Тој е главен рекетар и трговец со виталните органи на Македонија. На човекот не му е тешко да украде и да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, оти тоа му е најтешко. Слушнавме во снимките која била реалноста. Ќе се обидам да цитирам: без Заев не се може, трас-трас. Па така, ако Заев е капо ди тути капи на мафијата, тогаш неговите советници и неговите верни заштитници се Вилма Русковска и Љубомир Јовески –рече Мицкоски на вечерашниот протест.

Publiée par Sloboden Pecat sur Mardi 25 février 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот