Мицкоски: Со луѓе осомничени за криминал немам намера да коалицирам

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во деновите што следат ќе се отворат преговори со сите политички субјекти, по што ќе се види како ќе се одвиваат работите за формирање нова влада. Тој рече дека е подготвен да разговара со сите политички партии, но оти тоа нема да го прави под уцена и условување.

– Подготвен сум да преговарам бидејќи кредибилитетот кој го носи ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е најголем, но она што не сум подготвен да преговарам е условот. Јас под диктат не работам, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали би го прифатил условот на ДУИ за премиер Албанец.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да каже дали вчеравечер контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок.

– Не направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме постизборна коалиција. И во 2016 и овој пат, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пратеници од коалицијата на СДСМ. Додека народот ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за народот, додаде Мицкоски.

Во врска со предлогот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за меѓусебна поддршка со пратеници за евентуално формирање влада, Мицкоски потенцира дека нема намера тоа да го направи.

-Јас како што кажав и за време на предизборна кампања со луѓе осомничени за криминал немам намера да коалицирам, истакна тој.

Вака изгледа собранискиот состав според првичните резултати (ИНФОГРАФИК)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот