Мицкоски: Поради загаденоста на воздухот и ковид-19 да се ослободат од работа хронично болните

Христијан Мицкоски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од ковид-19 апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа, напиша на фејсбук лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Посебно тие со белодробни заболувања. Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест- напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Починатите не се само бројка, нели Мицкоски, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност!

Жителите на главниот град Скопје преку социјалните мрежи последниве денови споделуваат  видеа и фотографии од загадувањето кое со голо око може да се забележи. 

ФОТО: Скопје ли е, Чернобил ли е?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот