Мицкоски: Не добив одговор дали ќе имаме или ќе немаме продолжување на вонредната состојба

Не би сакал продолжувањето на вонредната состојба да се поврзува со уредби или некој вид други гимнастики. Денеска не добив одговор дали истата ќе продолжи, но очекувам јавноста деновиве ќе добие јасен одговор, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на лидерската средба.

-Поставив такво прашање, не добив одговор, претпоставувам дека деновиве јавноста ќе добие одговор дали ќе имаме или ќе немаме продолжување на вонредната состојба, но ќе се потсетам кога се распушти Парламентот, 60 дена пред 12 април кога требаше да одржат предвремените парламентарни избори ние немавме вонредна состојба што значи 60 дена техничката влада функционираше безвонредна состојба без овие уредби и имаше основна цел да ги подготви изборите и истите да ги спроведе, рече Мицкоски во одговор на прашањето дали вонредната состојба ќе продолжи.

Тој појасни дека не би сакал продолжувањето на вонредната да се поврзува со уредби или некој вид други гимнастики. Првиот пат, како што дополни, беше поради две причини, првата одложување на изборите и втората носење на уредби со сила на закон за да му се помогне на стопанството, додавајќи дека никој во тој момент не побарал вонредна поради други причини.

-Ова беа двата столба, врз основа на кои донесовме одлука тогаш, а вториот пат не бев повикан и не можам да дадам одговор, а сега како што гледаме изборите се одложени, а се донесоа богами и те како уредби со сила на закон, мал број имаше поврзани со поддршка за економијата, но имавме пиши бриши од страна на владата и се надевам дека сега ќе имаме посериозен и позрел однос од страна на ресорните министри, рече Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот