Мицкоски: Ако се прави црна листа за корупција, нема доволно хартија за да се допише Владата на Заев

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање на одбележувањето на 30. роденден на Унијата на млади сили ја коментираше одлуката на американскиот претседател Џо Бајден, посочувајќи дека не е пренесен делот дека таа се однесува и на корупција, притоа посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на САД, но оти македонските интереси се многу поважни. Мицкоски пред членовите на УМС и највисокото раководство на партијата повика на победа на претстојните локални избори.

– А оној делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција која се знае дека е широко распространета, стимулирана и заштитена од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци во власта за таква црна листа. Не ќе е ниту до тоа и дека не ги знаат нашите прозападни ориентации, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, причината за, како што рече, таквиот натпревар е до рејтингот.

– Заев драматично губи, а разликата се зголемува. Нема човек кој мисли добро за оваа влада и кој не е разочаран. И токму затоа адутот на Заев се парите за поткуп, заштитата на криминалот и лагите за опозицијата, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот