Мицкоски од Гази Баба порача дека цели кон создавање иднина за сите генерации

Христијан Мицкоски на предизборен митинг во Гази Баба / фото: Фејсбук

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски од митингот во Општина Гази Баба порача дека верува во државата и народот и цели кон создавање иднина за сите генерации.

Мицкоски го обвини Зоран Заев за ветувањата на повисоки плати.

– Какво фајде од неговите лажни 500 евра кога трошоците за живот се многу поголеми од тоа што го зема едно семејство, додаде тој.

Пред жителите на Гази Баба тој порача дека ова е борба во која тие веруваат и ја сонуваат, наспроти уривањето на вредностите и кршење на принципите.

Мицкоски ги повика граѓаните на 17 октомври да излезат масовно и да заокружат 82 за Данела Арсовска, додавајќи дека само така скопјани поддржуваат модерно Скопје и резултати кои ќе дојдат брзо и сигурно.

-Жена за градоначалник, професионалец и менаџер на градот. Независна од политиката, човек кој никому не должи и која се нафати успесите на меѓународен план да ги преслика на ниво на град Скопје, повика Мицкоски.

На митингот се обрати и кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, кој порача дека во следните четири години прецизно ќе делуваат во сите области, а фокусот ќе биде насочен кон економијата на локално ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот