Мицевски: Владата бега од пратенички прашања, 400 минути сама себе ќе се прашува и одговара

Никола Мицевски
Никола Мицевски / Фото: Фејсбук, Никола Мицевски

Со повеќе од 50 пратенички прашања кои се писмено поставени до министрите и до премиерот, мнозинството сака да ја спаси Владата од пратенички прашања, обвини Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за пратенички прашања.

Тој додаде дека Владата преку своите пратеници сака да ја одолговлекува седница за пратенички прашања бидејќи од 54 прашања на пратеници кои се писмено доставени до Владата, само 5-6 се од опозицијата. Тој порача дека нема да ѝ успее на власта, опозицијата да се откаже од институтот пратенички прашања и дека ќе влезат во пленарната сала откако ќе заври и овој театар на мнозинството.

„ Васта прашува и власта си одговара.  Ова не е ништо ново. Власта бега од интерпелации, седници, а сега и од пратенички прашања. Сакате да избегате од одговори и да се спасите од прашањата за скандалите, но кога тогаш ќе мора да дадете одговори. Ова нема да ви успее и нема да успеете да не замолчите. Најавувам и ви порачувам терајте си го сценариот до крај со одговори на писмените прашања од власта за власта, а ние ќе влеземе кога ќе почнат усните прашања“, порача Мицевски.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски му одговори на Мицевски дека не ја прифаќа забелешката дека власта бега од пратенички прашања.

„Цела влада и премиерот се присутни. И самите кажавте дека пратениците имаат деловничка мозжност за писмени прашања и од сите 54 одгори на прашања, 6-7 се одговори на прашања од опозицијата. Вашата забелешка не ја прифаќам бидејќи се е според Деловникот“, рече Мисовски.

Пратеничката од владејачката Алијанса за Албанците Илире Даути му порача на Мицевски дека го  разбира, но го замоли и опозицијатада ги разбере нив. Таа рече дека само таа поставила 41 прашање до Владата во врска со лицата кои повеќе години не можат да добијат државјанство.

„Колешке јас сум опозиција, вие сте власт. Вие како го поставивте прашањето, како опозицијата да ви е виновна. Во Владата ќе си разговарате за проблемите и таму решете ги. На 21 јуни сте поставиле 41 прашање и истиот ден сте добиле 26 одговор за оваа проблематика.  400 минути ќе ни одземете од оваа седница за ова прашањ. Вие псотавувате прашања за да ја спасите Владата“, рече Мицевски.

Мисовски на ова одговори дела повеќе од 5 години укажувале дека Деловникот треба да се промени.

„Блиску бевме до договор за Деловникот но затоа што не го признававте уставното име, пропадна носењето на нов деловник. Се надевам дека при третиот процес „Жан Моне“ ќе се усогласиме за да донесеме нов деловник“, рече потпретседателот на Собранието.

Пратеничката Даути му реплицираше на Мицевски дека прашањата ги доставила до МВР, а не до опозицијата.

„ 11 години додека бевте власт не се реши оваа проблематика за лицата кои не можат да добијат државјанства.Сега има надеж да се реши овој проблем. Неколку часа ви губиме, па тие луѓе животот го изгубиле чекајќи државјанства“, рече Даути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот