МИ5/ФБИ: Кина е најголемата долгорочна закана за Западот

Знаме на Кина / Фото: EPA-EFE/Simon Bruty for OIS HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и британската контраразузнавачка служба МИ5 денеска оценија дека Кина претставува најголема долгорочна закана за западните земји.

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј и неговиот колега од МИ5, Кен МекКалум на заедничка конференција рекоа дека службите на двете земји „постојано забележуваат“ дека потезите на кинеските власти ја загрозуваат „економската и националната безбедност“ на двете земји, како и на земјите во Европа и ширум светот.

Тие додадоа дека Кина е решена да краде технологијата од западните компании.

Реј рече дека обидот на Пекинг да го заземе Тајван со сила ќе биде „едно од најужасните нарушувања на деловниот свет“ што некогаш се случило.

„Како и во Русија, долгогодишните западни инвестиции би можеле да бидат заложници, капиталот може да се изгуби, а синџирите на снабдување и односите би можеле да бидат нарушени“, рече Реј.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот