МЕТЕО на УБ: Временската прогноза вели променливо облачно и студено време

Студено време / Фото: МИА

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Услови за локални слаби врнежи од снег ќе има утре и во сабота. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од – 6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот