МЕТЕО на УБ: Временската прогноза најавува дожд и ветер

Дожд
Дождливо време Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Во југоисточните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа утре ќе се задржи променливо облачно и релативно суво време, додека од петок па за време на викендот, под влијание на влажен воздушен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кој особено во западните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките планини ќе има врнежи од снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека за време на викендот и тоа поради јужното воздушно струење, истите ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот